ВИДЕО: Пет тинејџери повредени во пукање во парк во Мериленд, еден е во критична состојба

Пет тинејџери повредени во пукање во парк во Мерилденд/Фото: Скриншот

Пет тинејџери на возраст од 16 до 18 години се повредени во пукање во парк и рекреативен центар во Гринбелт, во американската сојузна држава Мериленд, а еден од нив е во критична состојба, соопштија властите.

Околу 500-600 тинејџери се собраа во Гринбелт за да ја прослават својата завршна школска година, што е широко распространета пракса во многу американски училишта.

Тинејџерите започнале „пресметка“ со водени пиштоли кога одекнале истрели.

Сообраќајните полицајци кои биле во близина веднаш пристигнале на местото на настанот, каде им помогнале на повредените ученици, а стотици тинејџери побегнале од паркот, пренесува Еј Би Си Њуз.

– Ова е ужасен, бесмислен, трагичен чин… Тоа е хронично во нашето општество и мораме да направиме нешто за да го спречиме. Тоа беа деца кои сакаа само добро да се забавуваат во локалниот парк,  изјави шефот на полицијата на Гринбелт, Ричард Бауерс.

Тој информира дека сите пет жртви биле пренесени во локалните болници.

– Полицијата верува дека напаѓачот побегнал со група средношколци и во моментов не е лоциран, изјави Бауерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот