ВИДЕО: Пелистер по продолжение го совлада словенечкиот Шенчур во АБА 2 лигата

фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Денеска во својот прв натпревар од турнирот во Суботица во АБА 2 лигата кошаркарите на битолски Пелистер со 82:78 по едно одиграно продолжение го совладаа Шенчур од Словенија.

Играчите на Дарко Радуловиќ беа подобар противник во најголем дел од мечот. Можеа да дојдат до победата и во регуларните 40 минути, но загубија двоцифрено водство во последната четвртина, иако имаа и напад за триумф.

Регуларниот дел заврши нерешено 69:69, а во дополнителните пет минути битолската екипа го имаше Александар Костоски.

Искусниот бек погоди кога беше најпотребно, ја постигна својата втора по ред тројка, вкупно четврта за него на средбата, доволно за недостижни 82:78, и прв успех за Пелистер во првата рунда.

Најефикасен стрелец кај Пелистер беше Андреј Маслинко со 22 поени (седум скокови), а расположен беше и Малком Бернард, кој постигна 21 поен, а додаде и осум скока и пет асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот