Фото: EPA/MATTEO BAZZI

ВИДЕО | Павловиќ со фантастичен гол го најави славјето на Милан против Торино

Фудбалерите на Милан го победија Торино со 3:2 во 30 коло од Серија А, во натпревар кој го одбележа српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ пред 73.000 гледачи.

Дефанзивецот на „росонерите“ ги крена на нозе навивачите на Сан Сиро во 36-тата минута со вистинска „бомба“ во противничката мрежа.

Сепак, гостите се вратија во игра пред паузата преку Џовани Симеоне, кој ја искористи несигурната интервенција на голманот Мајк Мањан и го израмни резултатот.

Избраниците на Масимилијано Алегри потоа го решија прашањето на победникот за само две минути. Прво, Рабио ја искористи асистенцијата на Пулишиќ, а набрзо Фофана ја казни невнимателната одбрана на Торино за водство од 3:1.

Павловиќ во 82 минута во својот шеснаесетник реагираше невнимателно и го фаулираше Симеоне, а по проверка на ВАР, беше досуден пенал со жолт картон за Србинот.

Никола Влашиќ беше најсигурен изведувач од пенал, но Торино немаше сила да направи целосен пресврт до крајот.

Со оваа победа, Милан се искачи на пет бода зад лидерот Интер, со натпревар помалку, и со тоа ја одржа неизвесноста во трката за шампионатот. Торино е на 14 позиција со 33 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот