ВИДЕО | Патник го снимил инцидентот на аеродромот во Сплит – паника, тресење, авионот удира во светлата
Нова снимка од патник го открива драматичниот инцидент на аеродромот во Сплит, каде што авион на „Кроејша ерлајнс“ на лет за Франкфурт излета од пистата при залет за полетување.
Препорачано
Во авионот имало 132 патници и пет члена на екипажот. За среќа, нема повредени, а сите биле итно евакуирани. Снимката прикажува силно тресење, паника и удар на леталото во светлата и во аеродромските ознаки пред да запре на тревата.
WATCH: A passenger onboard Croatia Airlines A220-300 captured the moment the aircraft veered off the runway during its takeoff roll at Split Airport.
📹: Neven Brnjas pic.twitter.com/6DL7Tw5lyY— Turbine Traveller (@Turbinetraveler) May 18, 2026
Главниот истражител Данко Петрин потврди дека теренскиот увид е завршен. Истрагата сега се фокусира на анализа на податоците од двете „црни кутии“ за да се открие зошто авионот наеднаш свртел налево.
Во процесот ќе се соработува директно со производителот „Ербас“, а ќе се земат и официјални изјави од пилотите. Иако штетата е оценета како помала, овој несекојдневен настан повторно ги актуелизира прашањата за безбедноста и доверливоста на новите модели „Ербас“ A220 и нивните специфични мотори.


