ВИДЕО: Параноја и закани за „Лев Тахор“ на социјалните мрежи, полицијата ги бара заканувачите

Припадник на верската група Лев Тахор во Куманово / Фото: ТВ24/принтскрин

Не престануваат реакциите околу еврејската верска група „Лев Тахор“ („Чисто срце“), по непријатниот пречек во Скопје и Куманово. Групата од 40-ина луѓе, главно американски и канадски државјани, меѓу кои околу половината се деца, сега се сместени во хотел во охридското село Лакочереј, а жителите најавија „масовен протест“ доколку тие останат во селото.

Лев Тахор/ Фото: Фејсбук

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се шират параноични видеа и во објави полни со закани и говор на омраза, им се порачува на припадниците на сектата дека не се добредојдени во земјава. Припадници на групата претходно се жалеа и дека трпеле силни притисоци од полицијата.

@mujoo000 #viral #macedonia #foryou #horor #viral ♬ Amityville Horror – Scary Halloween Sound Effects – Halloween Sound Effects

Во ова видео од истиот автор на ТикТок, пак, лажно се тврди дека членовите на верската група напаѓале полицајци и граѓани:

@mujoo000 #viral #attackpoliceofficer #foryou #viralvideo #macedonia #horor #viralvideo ♬ Creepy and simple horror background music(1070744) – howlingindicator

Групата во која членуваат американски, канадски, белгиски и државјани на земји од Јужна Америка, до пред две недели престојувала во Босна и Херцеговина, каде исто така биле пречекани со недоверба и непријателство од локалните жители, по што дошла во Македонија. Како што изјавија самите, членовите на групата не планираат да останат во земјава, туку да продолжат со патот, како што прават чести. Тие во изминатава година некое време престојувале и во САД, Канада, Израел и Романија.

Жителите на најновата дестинација на еврејската група, селото Лакочереј, денеска вознемирени и исплашени излегоа на улица со барање групата да се исели, бидејќи се плашеле за својата безбедност, пишува СДК.мк.

„За првпат во мојот живот чуствувам ваков страв. Бараме групата да се исели од селото. Ние ниту сакаме да ги малтретираме ниту да ги навредуваме. Сакаме само да заминат оттука. Читаме дека оваа група не е пожелна никаде и поради тоа не сакаме да биде присутна и тука. Се зборува дека киднапирале деца иако ние тоа не можеме да го тврдиме, но страв постои. Не случајно е избрано ова село кое е чисто православно со 5 цркви“, велат жителите на Лакочереј.

Во дел од објавите и коментарите на социјалните мрежи се бара групата „да се запали сосе хотелот“. Според А1он, Секторот за компјутерски криминал во МВР ги бара објавувачите на видеата и објавите во кои има закани и говор на омраза кон припадниците на „Лев Тахор“.

Групата, основана во 1988 година, брои само околу 250 члена, а на страницата за неа на „Википедија“ е наведено дека Македонија е една од земјите во кои имаат значителен број членови. Се работи за ултраортодоксна еврејска секта чии членови се обидуваат да живеат според древни еврејски закони, па поради тоа во светскиот печат беа наречени „еврејски талибанци“.

Нивниот основач, Шломо Хебранс, отслужил двегодишна затворска казна во САД поради киднапирање 13-годишно дете кое му било доверено како на духовен водач, а повеќе членови на „Лев Тахор“ во минатото биле судени или се под истрага за слични киднапирања на деца на нивни членови кои ја напуштиле сектата, како и за принудување малолетници на брак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот