ВИДЕО: Пандев од Милано најавува голем проект за доброто на македонскиот фудбал

Горан Пандев, македонската фудбалска легенда/фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Горан Пандев, кој иако неодамна ја заврши кариерата како професионален играч, тој продолжува и останува да биде посветен на фудбалот.

Фудбалскиот клуб Академија Пандев објави видео со нашиот поранешен репрезентативец кој најавува голем проект за доброто на македонскиот фудбал.

– Пријатен поздрав од нашиот претседател Горан Пандев, кој минатата недела беше во посета на прекрасната „Arena Civica“ во друштво на претседателот на Брера, Алесандро Алеоти. Стадионот на кој во моментов настапува фудбалскиот клуб Брера во Милано, „Arena Civica“ е најстариот стадион во Италија, а воедно и еден од најстарите стадиони во Европа – информираат од ФК Академија Пандев.

Пандев е во Милано на прекрасниот стадион на фудбалскиот клуб Брера и за некој ден се очекува да се врати проект во нашата земја.

– Здраво, јас сум во Милано, на прекрасниот стадион на фудбалскиот клуб Брера, со претседателот Алесандро Алеоти. Пратете нè, за некој ден се враќаме во Македонија и нè очекува еден голем проект за доброто на македонскиот фудбал и на градот Струмица. Ќе се случуваат убави работи за нас – вели Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот