Фото: EPA/MIGUEL ANGEL POLO

ВИДЕО | Панатинаикос и Шортс по вторпат ја совладаа Валенсија во Евролигата

Кошаркарите на Панатинаикос во четвртокот ја победија Валенсија со 107:105 по едно одиграно продолжение во Шпанија во рамките од Евролигата. Грчкиот клуб сега води со 2:0 во победи и има шанса да ја затвори четвртфиналната серија пред своите навивачи во Атина.

Херој на Панатинаикос беше Најџел Хејс-Дејвис, кој постигна 27 поени, пет скокови и три асистенции.

По него следеше Кендрик Нан со 19 поени и 3 асистенции, додека Џеди Осман имаше 16 поени со осум скокови и девет асистенции. Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс имаше придонес од 10 поени и шест асистенции за 19 минути на паркетот.

Валенсија ја предводеше Жан Монтеро со 21 поен, два скокови и шест асистенции, Серхио Де Лареа постигна 18 поени со два скокови и четири асистенции, а Бранко Бадио забележа 15 поени, пет скокови и шест асистенции.

Евролига, плејоф

Четврток, резултати:

Фенербахче – Жалгирис Каунас 86:74 (2:0)
Олимпијакос – Монако 94:64 (2:0)
Валенсија – Панатинаикос 105:107 (0:2)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот