ВИДЕО: Оливеира го нокаутира Чендлер и ја наследи титулата на Хабиб во УФЦ

принтскрин/јутјуб

Чарлс Оливеира е новиот УФЦ шампион во лесна категорија, откако тронот остана испазнет по пензионирањето на непоразениот Хабиб Нурмагомедов. Оливеира го наследи Хабиб по победата со технички нокаут над Мајкл Чендлер на УФЦ 262 приредбата која се одржа во Хјустон.

Бразилецот славеше со технички нокаут во втората рунда иако во првата беше на прагот на пораз.

Во првата рунда, Чендлер зададе неколку удари со кои малку фалеше да го нокаутира Оливеира, но тоа не се случи и во наредната рунда тој беше нокаутиран.

Така Оливеира стана 11 шампион во лесна категорија во историјата на УФЦ, а моментно се наоѓа во серија од девет победи по ред.

Поранешниот привремен шампион Тони Фергусон загуби со едногласна одлука на судиите и може да се прости од борба за титулата. Сите тројца судии бодуваа 30:27 за Бенеил Дариуш кој дојде до седмата победа по ред и се наметна како иден предизвикувач на Чарлс Оливеира.


Во бантам категоријата Рожерио Бонторин со едногласна одлука на судиите го победи Мет Шнел, додека во единствената борба на дамите во главната вечер, Кејтлин Чокагиен беше подобра од Вивиана Араухо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот