ВИДЕО: Олисе со еврогол го шокираше Манчестер јунајтед
Фудбалерите на Кристал палас и Манчестер јунајтед ремизираа 1:1 (0:1) во заостанатото седмо коло од Премиер лигата. Се чинеше дека гостите ќе ги однесат трите бода, но во судиското надополнување, домаќинот постигна спектакуларен гол од слободен удар и му донесе реми на својот тим.
Препорачано
Јунајтед поведе во финишот на првото полувреме, кога Кристијан Ериксен во 43 минута го проигра Бруно Фернандеш, кој одлично се снајде и погоди за 0:1.
Домашните се заканија во неколку наврати подоцна во натпреварот, но Давид Де Хеа беше на висина на задачата. Во самиот финиш од мечот талентираниот напаѓач Мајкл Олисе стрелаше прецизно од слободен удар за израмнување, неодбранливо за Де Хеа.
Ова беше и дебитантски натпревар на новото засилување на Јунајтед, Вут Вегхорст, но Холанѓанецот немаше голем ефект на теренот, па беше заменет од Скот Мектомини во 69 минута.
Во следното коло Кристал палас го пречекува Њукасл, додека Манчестер јунајтед му гостува на Арсенал. На табелата Манчестер јунајтед е на третото место со 39 бодови, колку што има и Манчестер сити (еден меч помалку), додека Кристал палас е на 12 позиција со 23 бодови.
Stop that Olise. pic.twitter.com/ck0DaUH19M
— Stop That Football (@stopthatfooty) January 18, 2023


