ВИДЕО | Оклахома во финалето на Западната конференција на НБА
Кошаркарите на Оклахома се пласираа во финалето на Западната конференција во НБА лигата откако ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 115:110 во четвртиот натпревар од полуфиналната плејоф серија (4:0).
Препорачано
Актуелниот шампион беше предводен од Шеј Гилџес-Александер со 35 поени и осум асистенции, додека Ајдај Мичел додаде 28 поени, од кои 10 во неизвесната последна четвртина.
Чет Холмгрен, кој заврши со 16 поени, на 32,8 секунди до крајот на мечот со забивање донесе предност на својот тим, што беше клучно за крајниот епилог.
Леброн Џејмс кој постигна 24 поени и имаше 12 скока во последниот натпревар од неговата 23 НБА сезона, промаши шут кој ќе им донесеше водство на Лејкерс на 20 секунди до крајот.
По тоа промашување на Џејмс, Оклахома беше сигурна од линијата за слободни фрлања, додека Остин Ривс (27 поени) не реализираше тројка.
Оклахома ќе игра против Сан Антонио или против Минесота во финалето на Западот, каде моментно е 2:2 во серијата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
28мин
-
56мин
-
7час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


