ВИДЕО: Новото правило му дозволи на Иран да има шест замени против Англија
Репрезентацијата на Англија го победи Иран со 6:2 во првото коло од групата „Б“ на Светското фудбалско првенство во Катар.
Препорачано
Овој натпревар имаше доста прекини, траеше околу 135 минути, а во текот на првото полувреме при едно нафрлување на Хари Кејн, во казнетиот простор се судрија иранскиот голман Алирез Бејранванд и дефанзивецот Маџид Хосеини.
Лекарите седум минути му помагаа на Бејранванд, кој најпрвин сакаше да ја продолжи играта, но потоа дезориентиран од удар во глава го напушти теренот и влезе Хосеин Хосеини.
Iran goalkeeper head bump his teammate pic.twitter.com/spCgp1AXzZ
— قيس (@qyafai) November 21, 2022
До крајот на натпреварот Иран направи дури шест замени, иако според вообичаените правила смеат да направат пет. Имено, поради позачестените случаи на потрес на мозокот и нивните тешки последици кај фудбалерите, за овој Мундијал е воведено ново правило.
Доколку постои сомнеж за потрес на мозокот, фудбалерот е должен да ја напушти играта, но репрезентативците оваа замена не ја вбројуваат меѓу петте на кои имаат право. Овој тип на замена се третира по потреба.


