Десингерица / Фото: принтскрин

ВИДЕО | Ново шоу на Десингерица, на концерт јадеше јагнешко на ражен

Српскиот рапер Десингерица повторно направи шоу на концерт, но овој пат не ја удираше публиката со патики, туку јадеше јагнешко на ражен.

Раперот, чие вистинско име е Драгомир Деспиќ, е познат по своите бизарни настапи, а сега на својот Инстаграм објави видео од неодамнешниот настап во Будва, кога на сцената донесе печено јагнешко на ражен.

Откако го зеде, почна да гризе парчиња месо директно од раженот, при што му капеше масло и парчиња месо паѓаа врз главите на фановите.

Раперот неодамна намачка палачинка на главата на еден фан и ги хранеше фановите со шпагети. Покрај тоа, фрлаше кори од пита во публиката, кршеше јајца на нив, а потоа им триеше тврдо сирење по главите.

Во претходните настапи, тој стана познат по фрлањето валкани чорапи кон публиката и удирањето на навивачите со патики, што го направи и на еден настап во клуб во Опатија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот