ВИДЕО: Њукасл со 4:1 го понижи Челси во Премиер лигата

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Њукасл игра доста променливо во досегашниот дел од сезоната во Премиер лигата, после победата над Арсенал, ремито со Вулверхемптон, поразот од Борнмут, денеска пред своите навивачи убедливо го совлада Челси.

Исак донесе предност во 13 минута за домаќините, а израмнија лондонските „сини“ во 23 минута преку Стерлинг.

Во вториот дел за неполни две минути Њукасл реализираше два голови кои ги постигнаа Ласелс и Жоелинтон.

Проблемите за Челси се зголемија во 73 минута поради вториот жолт картон на Џејмс, а тоа го искористи Њукасл за реализација на уште еден погодок во 83 минута, а стрелец беше Гордон.

Во другите денешни мечеви од 13 коло: Барнли – Вест хем 1:2, Лутон – Кристал палас 2:1, Нотингем – Брајтон 2:3, Шефилд јунајтед – Борнмут 1:3.

ВИДЕО: Клоп спречи поголем инцидент меѓу Дарвин Нуњез и Гвардиола

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот