ВИДЕО: Клоп спречи поголем инцидент меѓу Дарвин Нуњез и Гвардиола

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Во големото дерби од 13 коло во Премиер лигата Манчестер сити и Ливерпул на „Етихад“ ги поделија бодовите (1:1).

И овој меч беше доказ има големо ривалство меѓу овие две екипи кои се меѓу главните кандидати за титулата.

По завршувањето на натпреварот можеше да дојде до поголем инцидент во кој инволвирани беа уругвајскиот фудбалер од редовите на Ливерпул, Дарвин Нуњез и шпанскиот менаџер на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

За среќа, во непосредна близина беше германскиот стратет на „црвените“, Јирген Клоп кој „дипломатски“ ги смируваше двете страни и со прегратка за својот играч.

Клоп на прес-конференција кратко и јасно објасни дека ништо не се случи, сето тоа се емоции и дека секој сака да победи во ваквите големи натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот