ВИДЕО | „Никогаш не сум пушела цигари“: Ѕвездата на „Бубалици“ откри дека има рак на белите дробови
Американската актерка Кејт Микучи (43), најпозната по улогата на Луси во ситкомот „Бубалици“ („The Big Bang Theory“), ѝ е дијагностициран рак на белите дробови.
Препорачано
Во саботата, таа објави видео на платформата ТикТок, со намера да ги информира своите следбеници за нејзината моментална здравствена состојба.
„Здраво на сите. Јас сум во болница. Вчера имав операција поради рак на белите дробови. Го детектираа многу рано. Навистина е чудно бидејќи никогаш во животот не сум испушила ни една цигара, па ме изненади. Претпоставувам дека може да се случи и најдобрата вест е што го фатија рано и го отстранија, па добро сум“, вели таа во видеото.
Микучи во коментарите била запрашана како го открила ракот и дали имала некакви симптоми, на што таа одговорила:
„Имаше едно нешто кое беше покачено на крвната слика, па направив скенирање на срцето и тогаш го забележаа“ – напиша таа и подоцна објасни дека имала високо CRP, што значело дека има инфламација во телото.

Инаку, комичарката е во брак со 38-годишниот музичар Џејк Синклер, со кој има тригодишен син. Исто така, и Микучи се занимава со музика и е дел од комичното музичко дуо „Гарфункел енд Оутс“.


