Жена во Тајланд се разбуди во ковчег секунди пред кремирање/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Неверојатен инцидент во Тајланд: Жена се разбудила во ковчег неколку секунди пред кремирање

Неверојатен инцидент се случил во Тајланд, каде што жена „воскреснала“ пред да биде кремирана, пренесува Еј-би-си њуз.

Ват Рат Прахонг Там, будистички храм на периферијата на Бангкок, објави видео на својата Фејсбук страница на кое се гледа жената во бел ковчег во задниот дел од камион, како малку ги движи рацете и главата, оставајќи го персоналот во шок.

Директорот на црквата изјави за Асошиејтед Прес дека братот на 65-годишната жена го испратил нејзиното тело на кремација и додека го пренесувале, слушнале тропање од внатрешноста на ковчегот.

„Бев изненаден, па ги замолив да го отворат ковчегот и сите беа изненадени“, рече тој.

„Ја видов како малку ги отвори очите и тропаше по страната на ковчегот. Мора да тропала веќе подолго време“, забележа тој.

Жената била прикована за кревет околу две години. Здравјето ѝ се влошило и таа не реагирала, изгледајќи како да не дишела најмалку два дена.

Потоа нејзиниот брат ја ставил во ковчег и патувал 500 километри до болница во Бангкок, каде што жената претходно изразила желба да ги донира своите органи.

Сепак, болницата одбила бидејќи немало официјална умреница. Оваа црква нуди бесплатна кремација, па нивниот брат се јавил во недела, но и тие го одбиле поради тоа што немал официјален документ за смртта.

Директорот на храмот рекол дека му објаснувал на братот како ќе го добијат документот кога ќе го чуле тропањето. Откако потврдиле дека е жива, ја испратиле жената во најблиската болница, а храмот се обврзал да ги покрие медицинските трошоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот