ВИДЕО | Неуспешна операција за слабеење ја одведе во смрт: Младата Морган цел живот била исмевана за дебелината

Млада жена која со години била исмевана поради дебелината, почина по неуспешната операција за слабеење во Турција за која платила 2.500 фунти. Дваесетгодишната Морган Рибеиро од Велика Британија почина на 13 јануари откако ѝ се слошило во авионот со кој се враќала дома после операцијата. Авионот морало да слета во Белград Србија, откако Рибеиро на летот имала септички шок.

Според првичните информации при хируршката интервенција по грешка на Морган ѝ го пресекле тенкото црево.

Нејзината мајка не знаела дека 20-годишната Морган ќе оди во Турција на операција.

Додека дознав беше предоцна, таа веќе беше во авионот. Го имав тоа чувство на тонење бидејќи слушнав хорор приказни за Турција. Растејќи Морган беше многу малтретирана. Таа отсекогаш беше поголема девојка и имаше многу маки заради тежината. И кажав дека е убава одвнатре и однадвор – таа навистина беше убава девојка. Беше уметник, дружељубива, пријатна и сакана. Не сакам нејзиниот живот да биде залуден, изјави нејзината мајка Ерин Гибсон.

Младата Морган имала виртуелна консултација со турската болница во септември минатата година, а потоа ја закажала операцијата.

@moganmaria

im so ready #fyp #morganmariaaa #wlsjourney #gastricsleeve @Morgan-Maria

♬ original sound – morgan❤️

Нејзиното момче Џејмс Брустер тврди дека медицинските лица и преведувачите не посочиле какви било ризици поврзани со операцијата. Според него таа имала треска и имала многу болки на последното патување во авионот кој слетал во Белград.

-Стјуардесата ѝ даде мраз и вода, но ѝ беше тешко да дише, па ја однесоа до предниот дел на авионот каде што имаше повеќе простор. Се обидоа да ѝ дадат маска за кислород. Се гледаше дека нешто сериозно не е во ред, изјави нејзиното момче.

Неколку дена пред операцијата на желудникот, Морган ја објави последната порака на социјалните мрежи:

„Мојата последна објава пред операцијата за слабеење – се гледаме другата страна“.

Семејството собира донации за телото на Морган да биде пренесено од Србија во Велика Британија за што се потребни 10 илјади фунти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот