Руски робот - ЕПА

ВИДЕО | Неславно деби: првиот руски хуманоиден робот колабираше на презентација во Москва

Првиот руски хуманоиден робот, наречен АИДОЛ, имаше неславно деби на презентација во Москва. Само неколку секунди откако беше претставен на публиката и излезе на сцената, роботот се сруши, а снимките од несреќата брзо се проширија на социјалните мрежи, објави „Еуроњуз“.

Снимките покажуваат како персоналот брза кон паднатиот робот и се обидува да го скрие од погледот на новинарите и гостите со поставување црни завеси.

Што тргна наопаку?

Извршниот директор на компанијата, Владимир Витухин, го коментираше инцидентот за рускиот медиум РБК. Тој нагласи дека роботот претходно бил тестиран во различни услови и посочи дека падот можеби бил предизвикан од недоволно осветлување на сцената или од техничка неисправност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот