ВИДЕО | Непријатна тишина во Овалната соба: Трамп ја нарече ирската претседателка „тој“
Ирскиот премиер Мајкл Мартин беше молчалив за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот на САД, откако Доналд Трамп погрешно реферираше на ирската претседателка Кетрин Коноли како на маж, пренесува „Јаху“.
Препорачано
Додека Доналд Трамп и Мајкл Мартин одговараа на прашања од новинарите во Белата куќа, еден новинар забележа: „Ирската претседателка рече дека вашата војна против Иран е нелегална, дека тоа е напад врз меѓународното право“.
„Кој го рече тоа?“, праша Трамп.
„Претседателот на Ирска“, одговори новинарот.
Трамп потоа изјави:
„Слушајте, тој има среќа што постојам. Тоа е сè што можам да кажам, бидејќи ако им дозволите на земјите што се болни и пореметени – а тие се пореметени – да имаат нуклеарно оружје – целиот свет треба да биде многу благодарен, а јас сум разочаран од НАТО. Многу разочаран. Разочаран сум и од неколку други земји, но тие треба да бидат многу благодарни што оваа група луѓе размислуваат како нас.“
Мартин го премолчи моментот кога Трамп погрешно ја ослови Коноли.
Коноли претходно овој месец ја осуди војната против Иран, нарекувајќи ја кршење на меѓународното право.
„Кршењата на меѓународното право на кои сме сведоци се шокантни и парализирачки, но не можеме да си дозволиме да не правиме ништо“, рече таа. „Она што го видовме во последните денови на Блискиот Исток и пошироко не се политички спорови. Тие се намерни напади врз меѓународното право, закони кои се основа на глобалниот мир осумдесет години.“
Коноли заклучи: „Мораме да ги наречеме така, без еуфемизми и без двоумење.“
Q: The Irish president has said your war against Iran is illegal and an attack on international law
TRUMP: Who said that?
Q: The Irish president
TRUMP: Look, he’s lucky I exist. That’s all I can say. pic.twitter.com/sb47hYgceN
— Aaron Rupar (@atrupar) March 17, 2026


