Протести во Ерусалим на ултраортодоксни Евери - Извор ЕПА

ВИДЕО | Немири на влезот во Ерусалим, полицијата се судри со ултраортодоксни Евреи

Атмосферата во Ерусалим е ставена под контрола откако имаше протести на фракцијата „Ерусалим“ која организираше собири против апсење од страна на властите на ултраортодоксни мажи кои избегнуваат задолжителната воена служба.

Имено, како што пренесуваат медиумите демонстрантите околу 17 часот го блокираа сообраќајот под Жичениот мост на влезот во градот, а ситуацијата брзо излегла од контрола, каде насобраните толпи народ се судриле со полицијата.

Според извештајот на полицијата, околу 18 часот толпата одбила да се тргне од патот и почна да фрла камења и други предмети кон цивили и службени лица на органите на безбедноста.

За да воспостави ред, безбедносните сили употребија шок-бомби и таканаречен „сканк-спреј“ средство со неподнослив мирис кое се користи за растурање немири. На терен се слушаа гласни експлозии, а полицијата насилно ги отстрануваше демонстрантите за да го деблокира сообраќајот – пренесуваат медиумите.

Инаку, ова не е изолиран случај. Само еден ден претходно, истата група го блокираше автопатот 4 кај Бнеи Брак, а протестите се проширија низ целата земја.

Причината за ескалацијата беше апсењето на ученикот во религиозно училиште, Нехорај Бахар, кој е обвинет за избегнување на воена служба, потег што демонстрантите го сметаат за „црвена линија“.

Очевидците на денешниот настан велат дека атмосферата во Ерусалим и понатаму е напната, а блокадите на главните патишта предизвикуваат големи проблеми за секојдневниот живот.

Израелската армија најавува дека ќе продолжи со апсењата, додека протестите стануваат сè порадикални.

Овој судир меѓу државата и ултраортодоксната заедница отвора прашања за иднината на воениот рок во Израел и за тоа колку далеку може да оди отпорот против него, пишуваат медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот