ВИДЕО: Не помага ни „трипл-дабл“ чудото Јокиќ, Денвер пред елиминација

Денвер се врати на победничките патеки во НБА лигата/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Српскиот центар Никола Јокиќ и дефинитивно не може сам, доколку против Портлан успеа да ја подигне екипата после лоши мечеви, против Феникс останатите играчи не успеваат да бидат на неопходното ниво.

Феникс поведе со 3:0 во серијата со победа од 116:102 во конференциското полуфинале на Западот, Јокиќ во дресот на Денвер забележа 32 поени, 20 поени и 10 скокови, но овој „трипл-дабл“ не им помогна на Нагетси да го избегнат новиот пораз.

Ниту еден тим во историјата на НБА лигата не успеал да се врати од негатива од три меча, па тешко е да се очекува вистинска сензација од Денвер.

На спротивната страна за Санси најефикасен како и обично беше Девин Букер со 28 поени и четири асистенции.

Во конференциското полуфинале на Истокот Филаделфија поведе со 2:1 против Атланта славејќи на гостински терен со 111:127.

Прв стрелец за Хокси беше Треј Јанг со 28 поени (осум асистенции), а кај победничката екипа на Сиксерси Џоел Ембилд беше најрасположен со 27 поени (девет поени, осум скокови).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот