Фото: Профимедиа

ВИДЕО: Не можеше да се воздржи – Оскаровката трчаше по улица во пижами и вриштеше од среќа!

Младата актерка не успеа да ја сокрие возбудата и радоста поради победата на Џо Бајден на претседателските избори во Америка.

Џенифер Лоренс (30) при соопштувањето на официјалните резултати од изборната трка е видена како трча низ бостонските улици и вришти од среќа откако кандидатот кој таа го поддржуваше Џо Бајден ја однесе победата на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави.

Актерката и сама подоцна ја сподели снимката од ова невообичаено славење, на кое се гледа дека таа си пушта музика и трча по улицата со подигнати раце.

– Немав избор освен да приредам забава за едно лице – напиша Џенифер во описот на ова видео и ги повика граѓаните на прослава додавајќи: „Ајде, Бостон, време е за журка“.

Актерката во оваа прилика носеше розева долна пижама и сив дуксер, како и патики и заштитна маска со леопард принт.

Подоцна се појавија уште неколку слични видеа…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот