ВИДЕО | НБА Ол-стар: Кешад Џонсон со најдобро забивање, Лилард со титулата во брзо шутирање тројки
Во текот на ноќта помеѓу саботата и неделата, во Калифорнија се одржаа два натпреварувања на НБА Ол-стар викендот, а тие беа обележани од Кешад Џонсон и Демијан Лилард.
Препорачано
Кошаркарот на Мајами хит, Кешад Џонсон, победи во натпреварот на забивања, откако беше поуспешен од Картер Брајант од Сан Антонио во финалната рунда.
Овогодишното натпреварување помина без најголемите ѕвезди на лигата, а во конкуренцијата беа и Џексон Хејс и Џејс Ричардсон. Џонсон, стигна до трофејот благодарение на подобриот вкупен број поени во завршницата од натпреварувањето.
Истата вечер, Дамијан Лилард ја освои титулата во брзо шутирање тројки. Искусниот бек, кој не игра оваа сезона поради повреда на Ахиловата тетива, дојде до својата втора титула во ова натпреварување.
Лилард постигна 29 поени во финалната серија, погодувајќи 21 од 27 шута, вклучувајќи и удар од центарот што носи дополнителни поени.
Второто место му припадна на Девин Букер од Феникс со 23 поени во финалето. Донован Мичел, Норман Пауел, Тајрис Макси, Џамал Мареј и Боби Портис исто така беа меѓу учесниците.
Како дел од Ол-стар саботата, се одржа и натпреварот „Шутинг Старс“, во кој победи тимот на Њујорк никс, претставен од Џејлен Брансон, Карл-Ентони Таунс и Алан Хјустон.
ВИДЕО | Почна ол-стар викендот во НБА: Ви-Џеј Еџкомб херој за тимот на Винс Картер


