Гордана Димитриеска Кочоска во интервју на МРТВ / Фото: Фејсбук / МРТВ

ВИДЕО | Нашите од странство се враќаат, големи европски земји ќе банкротираат, вели министерката за финансии

„Јас сега, колку што се сеќавам, во изминатиот период во Владата претседателот имаше средби со наши иселеници коишто се враќаат. И на Запад состојбите веќе не се такви какви што беа“ рече денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, по состанокот на Комитетот за јавни инвестиции, како што пренесе „Телма“.

Министерката наведе дека „големи европски земји ќе банкротираат“ во следните 10 до 15 години, а изнесувајќи ги овие смели тези, најде простор и за пофалба на владата, споменувајќи ги оценките од ММФ и Светската банка за состојбите во македонската економија.

„На Запад веќе состојбите не се такви какви што беа. Прогнозите на меѓународните финансиски институции се дека се очекува големи европски земји да банкротираат и тоа значи дека нашите луѓе кои што се во Европа гледаат каква е состојбата што не можеме да кажеме за нас, напротив – ние сме поздравени и од страна на ММФ и од страна на Светска банка“, рече Димитриеска Кочоска.

И Јаневска сподели интересни чувства — иселениците почнале да се враќаат по заслуга на Владата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот