ВИДЕО | Најмалку четири лица загинале во нов американски напад врз брод во Пацификот
Американската војска соопшти дека во четвртокот погодила глисер за кој тврди дека превезувал дрога во меѓународни води во источниот Пацифик, при што загинале четворица мажи на бродот, пренесува Си-би-си.
Препорачано
„Разузнавачките информации потврдија дека бродот превезувал дрога и се движел по позната рута за шверц во источниот Пацифик“, соопшти преку „Икс“ Заедничката команда на САД одговорна за Јужна Америка (SOUTHCOM), објавувајќи декласифициран видеоклип од 21-секунда од воздушниот напад.
On Dec. 4, at the direction of @SecWar Pete Hegseth, Joint Task Force Southern Spear conducted a lethal kinetic strike on a vessel in international waters operated by a Designated Terrorist Organization. Intelligence confirmed that the vessel was carrying illicit narcotics and… pic.twitter.com/pqksvxM3HP
— U.S. Southern Command (@Southcom) December 4, 2025
Најновиот напад се случува во време кога Пентагон и Белата куќа се мачат да одговорат на прашањата за правната основа на кампањата за убивање на осомничени трговци со дрога во воени напади, а американските законодавци ветуваат дека ќе го истражат првиот таков напад, од септември, во кој двајца преживеани заробени под урнатините беа убиени во последователен напад.
Американскиот министер за одбрана Пит Хегет се соочува со зголемено внимание поради нападот од 2 септември, откако во извештајот на „Вашингтон пост“ се вели дека тој ѝ наредил на војската да „ги убие сите“.
Американскиот адмирал кој го предводеше нападот им рече на пратениците во четвртокот дека немало таква наредба. Сепак, демократот Џим Хајмс го опиша видеото од септемврискиот напад како „едно од највознемирувачките нешта што сум ги видел во мојата кариера во јавната служба“.
Од првиот септемвриски напад, САД извршија 21 сличен напад, што резултираше со повеќе од 80 смртни случаи.


