Сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје / Фото: Тетово инфо (tetovoinfo.mk)

ВИДЕО: Надзорна камера ја сними страотната несреќа кај Тетово – возачот на автомобилот нагло завртил

Тројца луѓе загинаа, а дете е повредено во тешката сообраќајна несреќа која се случи попладнево на автопатот Тетово-Скопје, во близина на клучката Тетово-Север.

Страотниот судир на автомобилот во кој се возеле жртвите со автобус е забележан на надзорна камера од објект кој се наоѓа на стариот пат кон Скопје. Снимката, која ја објави порталот „Скопје1“, покажува како возачот на автомобилот, кој се движи по најдесната лента, за сопирање, наеднаш, од засега непознати причини нагло свртел лево и тргнал попречно на коловозот, кога на него со голема брзина налетал автобусот, чијшто возач немал никакви шанси да го избегне ужасниот судир.

Трагедија на автопатот Тетово-Скопје: тројца загинати во судир на автомобил и автобус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот