Сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово / Фото: 24 Инфо

Трагедија на автопатот Тетово-Скопје: тројца загинати во судир на автомобил и автобус

Тројца луѓе ги загубија животите попладнево околу 16 часот на автопатот Тетово-Скопје, а според информациите од тетовската полиција, се судриле автомобил „Опел“ и автобус.

„Две лица, маж и жена, починаа на местото на настанот, додека една жена починала во Клиничката болница во Тетово, каде што исто така е однесено и повредено дете за да му се пружи лекарска помош“, се вели во првичната информација од СВР Тетово.

Јавен обвинител, противпожарни екипи и полиција се на местото на настанот и вршат увид.

Според првичните сознанија од Обвинителството, до несреќата дошло при контакт меѓу автомобил и автобус, при што автомобилот со кој патувале тројцата сега починати и повреденото дете излетал од патот.

„Се преземаат сите дејствија за испитување на причините и на околностите поради кои дошло до контакт меѓу возилата и до несреќата. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите, а за возачот на автобусот наредено е испитување на евентуално присуство на алкохол или други супстанции. Возилата се одземени за технички преглед на нивната исправност во моментот на сударот“, велат од ЈО.

ВИДЕО: Надзорна камера ја сними страотната несреќа кај Тетово – возачот на автомобилот нагло завртил

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот