ВИДЕО | Надал: Ова беше еден од најемотивните мечеви во мојата кариера!

Рафаел Надал со трофејот на „Австралија опен“/Мелбурн, Австралија опен“/30 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Рафаел Надал ја освои рекордната 21 грен слем титула во кариерата и само трофеј на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн.

Шпанскиот тенисер во големото финале со голем пресврт го совлада вториот играч на светот, Русинот Данил Медведев со резултат 3:2.

Рафа беше особено емотивен по остварувањето на овој историски успех и најави дека ќе дојде и следната година во Мелбурн.

– Ова е тежок момент за Данил, бев неколку пати во оваа позиција на овој турнир, но нема сомнение дека тој ќе го подигне трофејот барем неколку пати во кариерата. Ова беше еден од најемотивните мечеви во мојата кариера.

Не знам што да кажам, им се заблагодарувам на сите за љубовта и поддршката. Знам колку беше тешко во последната и пол година. Без поддршката од моето семејство, мојот тим и вас навивачите, ова немаше да биде возможно.

Пред еден и пол месец кажав дека ова би можело да биде моето последно учество на „Австралија опен“, но сега имам енергија да продолжам. Ќе дојдам и следната година – рече Надал по мечот со Медведев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот