ВИДЕО | На денешен ден е роден маестро Џамбазов: Син му Игор му го посвети познатиот македонски шлагер

Александар и Игор Џамбазови / Фото: Инстаграм/Игор Џамбазов

На денешен ден е роден македонскиот диригент, композитор и великан на современата македонска музика – маестро Александар Џамбазов. Тој нè напушти минатата година, на 25 јануари, на 85-годишна возраст.

Творечкиот опус на нашиот драг маестро беше многу богат. Тој беше автор на голем број детски песни, иницијатор и долгогодишен диригент на детскиот фестивал „Златно славејче“ во Скопје.

Во својата долгогодишна кариера, тој создаваше сценска и филмска музика, но создаде и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ за пијано и оркестар (1977) и др. Ценетиот композитор напиша и повеќе хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.

Александар Џамбазов беше добитник на повеќе од 40 награди и признанија во Македонија и Југославија, меѓу кои и државната награда „11 Октомври“ и наградата на Град Скопје „13 Ноември”.

Тој беше во брак со познатата македонска актерка Анче Џамбазова, со која ги добија синот Игор Џамбазов и ќерката Тања Џамбазова.

Во негова чест, син му Игор го испеа шлагерот „Сакам да сум јас детелинка“, кој Мони Ковачиќ го изведе на Скопскиот фестивал во 1978 година. Музиката и аранжманот се дело на маестро Џамбазов, а текстот го напиша Ѓоко Георгиев.

„Денес му е родениот ден на маестро Џамбаз. Во таа чест, еден негов евергрин. Вие да сте живи и здрави“, напиша Игор во описот на објавата на Инстаграм.

Повеќе на темата:

Љубовната приказна на Александар и Анче Џамбазови: Раскошни љубов и талент кои се паметат

Игор Џамбазов со емотивна објава за татко му: Помина една цела година за миг

Игор Џамбазов: Сите сакаат да се над сите, секој сака да е над секого

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот