ДИК алармира: Три години затвор за попречување на изборите

Александар Даштевски, претседател на ДИК/Фото: МИА

Заменик претседателката на Државната изборна комисија (ДИК)  Дитмире Шеху алармираше дека имаат информации за непочитување на насоките на Комисијата за спроведување на двојните избори.

ДИК издаде насоки според кои секој избирач треба да биде прашан дали сака да гласа на претседателските и на парламентарните избори или сака само да гласа на едни избори.

-Апелираме до сите членови на избирачките органи да се држат до законските одредби. Имавме пријави од неколку општини, па затоа го упатуваме овој апел и се надеваме дека избирачките органи нема да ги повторат истите грешки. Инаку, гласањето тече како што треба, изјави на вонредната прес-конференција Дитмире Шеху, потпретседателка на ДИК.

Од ДИК апелираат избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби.

Секој член на избирачки одбор кој не ги почитува законските одредби и го попречува гласањето ќе се казни со затвор до 3 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот