ВИДЕО: МВР заплени дрога вредна 200.000 евра

Наркотикот го пренесувале тројца државјани на Албанија.

Вчера се уапсени К.К.(25), М.Ф.(28) и Ф.Б.(42), сите од Република Албанија, со што беше пресечен меѓународен канал на транспорт на наркотична дрога од Република Албанија, низ Република Северна Македонија, а наменета за Република Грција, како  крајна дестинација. 

Притоа, во рамки на засилените мерки и активности во борбата против недозволената трговија со дрога, во текот на вчерашниот ден беше запленета марихуана во количина од вкупно 65 килограми, со вредност од околу 200.000 евра.

Имено, вчера во утринските часови, на регионалниот пат од Трпејца кон Стење, преку Националниот парк Галичица, биле сопрени две патнички возила, марка „мерцедес”, со албански регистарски ознаки, кои учествувале во вршењето транспорт на дрогата. При извршен преглед на возилата, од кои едното било управувано од К.К., каде како совозач бил М.Ф., а второто од Ф.Б., биле пронајдени и одземени 3 големи торби со марихуана, спакувана во 44 пакувања.

Албанските државјани се приведени, а по насока на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен, дрогата е предадена на вештачење, при што било утврдено дека станува збор за вкупно 65 килограми марихуана, а против трите лица ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по член 215 од Кривичниот законик.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот