ВИДЕО: МВР за апсењето на Пакистанците кои ги бараше грчката полиција

Мигранти / Фото: МИА

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север вчера ги пронашле и привеле A.Х.(20), Х.A.(22), И.A.(40) и M.T.(18), сите од Пакистан.

Тие биле барани по потерница од полицијата на Република Грција поради сомнение за сторено кривично дело „убиство”.

Во 22.00 часот лицата биле предадени на полициски службеници од граничниот премин Евзони.

Според грчките медиуми Пакистанец на возраст од 22 години е осомничен за убиството на својата 17 годишна девојка Николета во Атина. Убиството го извршил во понеделникот вечер, по што побегнал прво од градот, а потоа и од Грција и е фатен на подрачјето на Северна Македонија и предаден од македонската полиција на грчките колеги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот