Пакистанецот кој уби 17-годишна девојка во Грција уапсен во Македонија, предаден е на грчките власти

Уапсениот Пакистанец во Македонија е предаден на грчките власти/Фото: newsit.gr

Грозоморно убиство ја потресе Грција пред неколку дена – тинејџерка (17) беше убиена од страна на своето момче, 21-годишен Пакистанец кој потоа побегна

Уапсен е 22-годишниот маж кој наводно ја убил 17-годишната девојка Николета во Перистери, во понеделникот вечер, јавија грчките медиуми повикувајќи се на објавата на грчкиот министер за цивилна заштита Такис ​​Теодорикакос, кој соопшти дека 22-годишниот Пакистанец кој ја уби 17-годишната Николета од Перистери сега е во рацете на полицијата.

-Тој сега е во рацете на грчката полиција, која го сомниче дека е извршител на убиството на седумнаесетгодишната Николета во Атина и ќе биде изведен пред надлежното обвинителство, објави министерот Теодорикакос.

Според информациите на newsit.gr, тој ја напуштил Атика како и Грција и заминал во Северна Македонија со намера да продолжи кон земјите од Централна Европа.

Украдениот телефон на брутално убиената 17-годишна Николета како и блиската соработка на полициските власти на Грција и Северна Македонија, доведе до апсење на 22-годишниот Пакистанец, јавуваат грчките медиуми.

За неговото бегство биле известени сите балкански власти, посебно полицијата во Северна Македонија.

Соработка со македонската полиција доведе до апсење на убиецот

Како резултат на засилените контроли, вчера попладне во Северна Македонија е идентификувана група илегални имигранти, во која е констатирано дека е присутен и наводниот извршител на грозоморното убиство, по потекло од Пакистан.

Во истите информации се наведува дека со себе го имал и мобилниот телефон на 17-годишната девојка кој бил без сим-картичка.

Жртвата и убиецот/Фото: Социјални мрежи

Неговиот мобилен телефон за последен пат дал сигнал во петокот во Солун и со тоа ги мобилизираше тамошните власти, но изгледа го оставил во Солун.

Осомничениот Пакистанец исчезна од денот на убиството на 17-годишната девојка од нејзината куќа во Перистери, а со неа бил во љубовна врска.

Според форензичкиот извештај смртта кај девојката настанала со задушување, а пред тоа имала тепачка со сторителот која завршила кобно за девојката бидејќи насилникот со раце и ги покрил устата и носот и ја задушил.

Младата дама 7 минути се борела со својот убиец, за да се одржи во живот, пишуваат грчките медиуми.

Заканувачки смс од Пакистан

Од вадењето на податоците од мобилниот телефон на 17-годишната Николета, произлегува дека малолетничката во последните денови и на денот на убиството добивал низа пораки од 22-годишниот Пакистанец.

Малолетничката сакала да ја прекине врската, па дури и побарала да и ги врати клучевите од куќата. Тој не го прифатил тоа и се чини дека станал многу агресивен кон неа што на крајот доведе до убиство на девојката која имала трауматично детство, со оглед на тоа што на 11-годишна возраст заедно со својот помал брат биле силувани од тројца мажи кои потоа се осудени за случајот.

МВР уапси криумчар на мигранти во Стар Дојран и 12 мигранти – тројца од Пакистан

 

Вчера полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран го лишиле од слобода П.К.(26) од с.Јосифово, валандовско, соопшти МВР.

-Околу 02.40 часот на магистралниот пат, делница Марвинци – Удово, кај место викано „Калковска река”, полициските службеници забележале како од неговото возило „бмв” излегле мигранти, по што се дал во бегство. Набргу, тој бил пронајден и лишен од слобода, а биле пронајдени и 12 лица мигранти (девет од Сирија и три од Пакистан),  кои биле спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг” во Гевгелија, соопшти МВР без да прецизира дали меѓу овие уапсени Пакистанци било и лицето кое во Грција се барало за убиство на девојката Николета.

П.К. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот