ВИДЕО: Mоментот кога бомбаш самоубиец детонира бомба во Анкара

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека полицајците кои беа ранети во нападот во Анкара не се опасни по живот.

На социјалните мрежи е објавено видео од локалните камери на кое се гледа моментот кога бомбаш-самоубиец влегол во зградата на Генералниот директорат на полицијата во Анкара. Снимка од терористичкиот напад на зградата на Министерството за внатрешни работи во Анкара, Турција денеска.

Двајца напаѓачи, кои со мало возило дошле пред влезот на Генералната дирекција на полицијата во Анкара, утринава во 9:30 часот по локално време извршија бомбашки напад. Еден од напаѓачите се разнел, а другиот е неутрализиран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот