ВИДЕО | Моќта на смртта: Растат дрвја од ковчези на изложбата на Јоко Оно

Јоко Оно
Јоко Оно и нејзината уметничка инсталација која ја замислила уште во 1997 година / Фото: EPA-EFE/JENS SCHLUETER/ANDREA MEROLA

Градот Каунас во Литванија е еден од годинашните европски престолнини на културата, заедно со Еш на Алзет во Луксембург и Нови Сад во Србија.

Свеченото отворање на „големата европска сцена“ во Каунас беше на 22 јануари годинава. Според планот, програмата ќе опфати околу 40 фестивали, повеќе од 60 изложби и 250 сценски настани и концерти на локални, но и на светски артисти и уметници.

Едно од оние светски имиња кои имаат своја изложба во Каунас е и Јоко Оно, вдовицата на славниот Џон Ленон. Нејзината изложба е именувана „Ex-It“ и претставува една навистина несекојдневна уметничка инсталација, објави „Ruptly“.

Имено, во зградата на една банка се поставени неколку дрвени ковчези од кои растат дрвја. Според Јоко Оно, дрвјата кои растат се симбол на непрестајноста на животот кој продолжува во различни форми. Иако оваа изложба била замислена уште во 1997 година и веќе неколку пати била претставена низ годините, Јоко Оно нагласува дека уметничката инсталација сега добива нова смисла и дека останува важна тема за време на пандемијата со коронавирусот.

Светот ѝ должи извинување на Јоко Оно: Разоткриени нови детали во документарецот за Битлси „Get Back“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот