Фото: Скриншот/Инстаграм

ВИДЕО | „Моето засекогаш ‘да’“: Убавата Данијела Димитровска се омажи за шест години помладиот фудбалер!

Данијела Димитровска стапи во брак со шест години помладиот фудбалер Јеврем Косниќ! Манекенката објави кратко видео со моменти од нивната црковна венчавка, која се случила во друштво на најблиските.

„Моето засекогаш ‘да’. 27 јануари 2026. Тивко, во мал круг. Наскоро ќе славиме сите заедно“, напиша Димитровска, која на денешната прослава носела прекрасна бела креација, а нејзиниот избраник се одлучил за не толку формална комбинација од црн костум и бела кошула.

Инаку, Косниќ ја запроси неговата поубава половина во мај минатата година, а Димитровска ја објави среќната вест со фотографија на која го покажа вереничкиот прстен.

„Да! Некои работи не ги планираш, туку само се случуваат. Тивко, силно, засекогаш. Благодарна сум, среќна, мирна. Затоа што кога ќе го пронајдеш она вистинското, знаеш дека си дома“, напиша тогаш манекенката.

Фото: Инстаграм/Данијела Димитровска

Оваа двојка, која според многумина е една од најубавите на српската сцена, е во романтична врска од 2023 година.

Да потсетиме, Данијела Димитровска беше во брак со Огњен Амиџиќ од 2012 до 2022 година. Тие имаат едно заедничко дете, синот Матеј.

ФОТО | „Само ние двајца“: Данијела Димитровска во прегратките на младиот фудбалер, љубовта им цвета како никогаш досега!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот