ВИДЕО | „Ми беше прва љубов“: Даниел Поповиќ откри која е вистинската Џули

Евровизискиот настап на Даниел Поповиќ во 1983 година / Фото: Скриншот/Јутјуб

Пејачот Даниел Поповиќ е вистинска евровизиска легенда, барем кога станува збор за музиката од регионот која досега беше претставена на овој европски музички натпревар.

Не само што го има постигнато еден од најголемите југословенски успеси на Евровизија (4. место) со песната „Џули“, туку и важи за апсолутен рекордер по бројот на продадени плочи во Југославија.

По повод 50 години кариера и 40 години од песната „Џули“, Поповиќ повторно ѝ се враќа на музичката сцена со нов студиски албум.

Во интервју за хрватски „Дневник“, тој откри како ја направиле песната со која ја освои Европа и која жена била инспирацијата за „Џули“.

Иако текстот, кој, интересно, нема ниту една рима, го напиша легендарниот Марио Михаљевиќ, името Џули било идеја на Даниел. Имено, тој така ја нарекувал неговата прва љубов од Германија, која дошла со родителите на летување во Југославија.

„Ангела беше вистинската личност на која ѝ е наменета таа песна. Ангела Басеврал“, открил легендарниот пејач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark (@markswefin2)


За време на разговорот со хрватската новинарка Ања Бенета, Поповиќ раскажал и за успехот после Евровизија. „Џули“ била продадена во рекордни милион и двесте илјади примероци. Преку ноќ, Даниел станал најголема музичка ѕвезда во Југославија, но и надвор од неа – „Џули“ била преведена на повеќе од десет светски јазици.

„Во Норвешка, „АББА“ имаше 25.000, а јас 40.000 посетеност, што е феноменално. Во еден момент, јас бев пред Мајкл Џексон по бројот на продадени плочи во Норвешка. Што се однесува до Германија, таму продадов 500.000 плочи и бев пред Дејвид Боуви и Мајкл Џексон на топ-листите. Списанието ‘Браво’ основа мој клуб на обожаватели, што беше навистина лудо. Бевме гости во многу телевизиски емисии“, раскажал тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milan Nikolić (@mnikolic.chem)

Исто така, имал можност да изгради кариера и во САД.

„Не сакав да одам во Нешвил поради патувањето со авион, не сакам авиони. Инаку Крис Вотерс, кој ѝ ја напиша ‘Black Velvet’ на Алана Мајлс, ми нудеше соработка и ми велеше: ‘Ти мораш да дојдеш во Америка, ти си за во Америка’, а јас му реков: ‘Јас не влегувам во авион’“, се присетил пејачот.

ФОТО | Што прават денес: Југославија беше маѓепсана од сестрите Баруџија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот