ФОТО | Што прават денес: Југославија беше маѓепсана од сестрите Баруџија

Фото: Инстаграм

Љубителите на поп сцената на поранешна Југославија сигурно се сеќаваат на убавите сестри Изолда и Елеонора Баруџија. На врвот на својата слава, се „пензионираа“ и секоја се посвети на својата кариера.

Сестрите Баруџија беа едни од најпознатите и најпопуларните пејачки во поранешна Југославија, а денес живеат далеку од центарот на вниманието.

Изолда живее во Германија со својот сопруг од 2001 година, гитаристот Златко Манојловиќ. Таа предава соло пеење на Музичката академија во Диселдорф.

Изолда настапи на Евровизија во 1982 година, како член на групата „Аска“, потоа учествуваше и следната година, а потоа заедно со својата сестра Елеонора пееше придружни вокали за Даниел Поповиќ.

Сестрите Баруџија важеа за секс-симболи, многу жени го копираа нивниот стил, а се шпекулираше и дека Даниел е вљубен во една од сестрите.

„Не бев во врска ниту со една од нив, но не можам да кажам дека немаше некоја искра“, рекол тој пред неколку години.


Потоа, Изолда сними дует со Владо Калембер, исто така за Евровизија во 1984 година, со песната „Ciao Amore“. Меѓутоа, спотот за оваа песна беше забранет во некои земји бидејќи Изолда се капеше топлес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boshko (@boshkobrooklyn)


Елеонора Баруџија живее во Белград.

Вели дека музичката соработка со сестра ѝ престанала, бидејќи не можело да продолжи со истиот интензитет кога Изолда се преселила во Германија.

Приватно се „смирила“, мажена е за композиторот Зоран Тутиновиќ и имаат две деца, но музички сѐ уште не, како што вели Изолда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот