ВИДЕО: Меси и Суарез го спасија Интер Мајами од пораз во Конкакаф купот

фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Фудбалерите на Интер од Мајами одиграа 2:2 против Нешвил на гостински терен, во првиот натпревар од осминафиналето во Конкакаф купот.

Станува збор за клупско натпреварување на клубовите од Северна и Централа Америка и Карибите.

Лионел Меси и неговите соиграчи мораа да се враќаат од два гола негатива, но на крајот успеаја да го избегнат поразот.

Двата гола за составот на Нешвил ги реализираше Џејков Шафелбург во четвртата и 47 минута.

Брзо возврати Интер, а убав гол во 52 минута постигна Меси од работ на шеснаесетникот.

Реми на Интер, пред реваншот во Мајами, донесе Луис Суарез кој погоди во петтата минута од судиското надополнување, по асистенцијата на Серхио Бускетс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот