Златниот ковчег на Ел Менчо/Фото: Ulises RUIZ / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Мексико: Златен ковчег, камиони полни со цвеќе и оклопни возила на погребот на Ел Менчо

Озлогласениот мексикански наркобос Немесио Осегера Сервантес, познат како Ел Менчо, водач на картелот „Нова генерација Халиско“ (CJNG), вчера е погребан на церемонија во која беа вклучени камиони полни со цвеќе и десетици маскирани војници во оклопни возила кои ја придружуваа погребната поворка и ја надгледуваа со рацете на чкрапалото, пренесува АФП.

Ел Менчо беше убиен на 22 февруари во операција на мексиканските специјални сили, а неговата смрт предизвика хаос во земјата, претворајќи го Мексико во „воена зона“.

Мексиканскиот наркобарон беше погребан во златен ковчег, со камиони полни со огромни венци од цвеќе и големо воено присуство.

Погребот се одржа во Запопан, предградие на Гвадалахара, вториот по големина град во Мексико.

Десетици луѓе ја придружуваа погребната поворка, многумина држејќи црни чадори на сончевиот ден, а мал оркестар свиреше мексиканска локална музика.

На изненадување на сите, и најмладата ќерка на Сервантес, Лиза Мишел, присуствуваше на погребот, и покрај фактот дека е обвинета за исчезнувањето и киднапирањето на двајца морнари во 2021 година.

Официјално, Канцеларијата на државниот обвинител одби да ја потврди локацијата на погребот на Ел Менчо од „безбедносни причини“.

ВИДЕО | Хаос во Мексико по убиството на наркобосот Ел Менчо, Американците во опасност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот