ВИДЕО: Медиумска сопственост во ново медиумско окружување, како публиката да добие квалитетни и разновидни програми, разговор со д-р Трпевска

Кога ги правиме медиумските закони ние имаме некои цели што сакаме да ги постигнеме во реалноста. Во делот на Законот за медиуми и аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, што се однесува на медиумскиот плурализам има серија одредби кои имаат за цел да спречат т.н недозоволена концентрација на сопственоста, изјави во Утрински брифнг д-р Снежана Трпевска.

-Главен заклучок на нашата анализа на одребите на Законот е дека се многу рестриктивни, најрестриктивни дури и во регионот. Кога се дизајнираа овие одредби, дури од 2005-та целта е да се постигне плурализам – од една страна да имаме разновидни медиуми, а од друга страна да постигнеме и да има и витален пазар – економски да се одржливи медиумите. Наша оценка е дека ние имаме толку рестриктивни одредби во законот што тие не ја оправдуваат целта. Нашиот пазар ниту е економски одржлив, преристриктивен, не дозволува концентрација и не дозволува окрупнување на капиталот. На мали и фрагментирани пазари со мал прилив од реклами, вкупен ефект од сите овие ограничувања е дека пазарот не може понатаму да се развива, вели Трпевска.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот