Фото: EPA/Fernando Villar

ВИДЕО | Мбапе и Асенсио го урнаа Леванте: Реал Мадрид на „минус еден“ од Барса

Фудбалерите на Реал Мадрид денеска на домашен терен го совладаа Леванте со 2:0, во натпреварот од 20 коло на Ла Лига.

Реал Мадрид поведе со гол од пенал на Килијан Мбапе во 58 минута, а конечниот резултат го постави Раул Асенсио со гол во 65 минута.

Реал Мадрид е втор на табелата со 48 бода, со еден бод помалку и еден натпревар повеќе од првопласираната Барселона. Каталонскиот гигант својот меч од ова коло ќе го има в недела од 21.00 часот кај Реал Сосиедад.

Екипата на Леванте го зазема претпоследното 19 место со 14 бода. Реал Мадрид ќе игра на гости против Виљареал во следното коло од шпанското првенство, додека Леванте ќе го пречека Елче во Валенсија.

Се одигра уште еден меч, Мајорка пред своите навивачи со 3:2 триумфираше против составот на Атлетик Билбао.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот