ВИДЕО | Маркова: Ако ги сечеме шумите ќе нема пчели, а ќе нема ни мед

Рената Маркова/Фото: Методи Здравев

Овој викенд граѓаните имаат можност да дегустираат мед и пчелни производи на Петтиот саем на мед на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје.

Учествуваат пчелари и производители на пчелни производи од цела држава, кои ќе им понудат на потрошувачите, да дегустираат и да го разликуваат вистинскиот од лажниот мед, а потоа да речат дали и што ќе купат.

Прилепчанецот Христијан Аврамоски 20 години се занимава со пчеларство. Пред камерата на „Слободен печат“ ги открива тајните и моќта на овој производ.

-Видов дека е убаво да се живее со пчели, од 2002 почнав да купувам кошници. Во моментов имам над 350 сандаци кои ги селам низ цела Македонија- вели Аврамоски.

Шумскиот мед станува раритет на пазарот, вели пчеларката, Рената Маркова. Неконтролираната сеча, пожарите и уништувањето на шумските предели низ земјава се главни фактори за тоа да се намалува производството на мед.

– Можам да ви го препорачам шумскиот мед иако секоја година е се послабо производството на овој мед бидејќи шумите постојано се сечат, а пчелите немаат што да донесат. Ние луѓето ја уништуваме природата, а ако ја уништиме природата ќе нема ни пчели- вели Маркова.

Ги прашавме и случајните минувачи дали во нивната редовна исхрана е вклучен и медот. Како најчесто го консумираат и дали веруваат во тоа дека на нашиот пазар има квалитетн мед? Организатор е ПФМ (Пчеларска федерација на Македонија). Саемот ќе биде отворен до недела од 9 до 18 часот.

Целото видео на колешката Александра Вуксановиќ можете да го погледнете тука:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот