ВИДЕО | Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
Македонската фудбалска А репрезентација на 22 март во Вадуц ќе игра против Лихтенштајн, што е прв натпревари од квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Препорачано
Нашиот репрезентативец Јован Манев зборуваше за претстојниот предизвик, но и за тешките моменти низ кои поминува тој и целата нација по големата трагедија што ја потресе јавноста.
Манев, со емоции, тој истакна дека доколку добие шанса ќе даде сѐ од себе на теренот, посветувајќи го настапот на оние кои повеќе не се со нас.
– Ова се многу тешки денови за мене, и за сите нас, изгубив, изгубивме сите блиски пријатели. Но, знам дека тие би сакале да продолжиме и да бидеме овиде, да се бориме за нашата земја, за нашата репрезентација. Ќе ни недостасуваат засекогаш и никогаш нема да бидат забораведни и затоа ако ми се укаже шанса, исто и на моите колеги ќе го дадеме максимумот за сите нив. Во чест на нив. И ова е шанса да покажеме карактер и сплотеност сите заедно и така да постигнеме резултати, најпрво за нив – вели Манев.
Овој месец избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе одиграат уште еден од мундијалските квалификации, на 26 март во Скопје ќе го пречекаат Велс.


