Фото: EPA-EFE/ASH ALLEN

ВИДЕО | Манчестер сити го престигна Арсенал и се врати на врвот во Премиер лигата

Фудбалерите на Манчестер сити вечерва остварија победа на гости против Барнли со 1:0 во 34 коло и го престигнаа Арсенал на табелата во Премиер лигата.

„Граѓаните“ предводени од Пеп Гвардиола повторно се на врвот на пет кола пред крајот на сезоната, пред Арсенал, кого го победија во меѓусебен натпревар минатата недела, а неодамна и во финалето во Лига купот.

И двата имаат по 70 бодови со ист број одиграни натпревари и со иста гол разлија +37, но екипата од Манчестер има повеќе постигнати голови (66:29, 63:26) и е подобар во меѓусебните дуели (2:1, 1:1).

Единствениот гол на мечот во Барнли се случи веќе по пет минути игра кога стрелаше Халанд по асистенцијата на Доку.

Арсенал може да го престигне Сити претстојниот викенд дома против Њукасл. Сити пред да продолжи со своите мечеви во Премиер лигата на 4 мај, претходно го очекува полуфинале во ФА купот против Саутемптон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот