ВИДЕО | Мал авион слета на преполна плажа во Њу Хемпшир

Авион на плажа / Фото принтскрин

Мал авион принудно слетал на плажа во Њу Хемпшир, САД, а неговиот пилот по кратко време беше спасен неповреден.

Снимките од очевидци покажуваат дека едномоторниот Пајпер ПА-18 слетува во водата и завршува со опашката во воздухот и носот надолу.

Според очевидци, леталото носело рекламен транспарент пред итното слетување.

Спасувачите брзо допливале на местото на настанот и помогнале да го извлечат пилотот.

Надлежните американски власти спроведуваат истрага за причините кои довеле до инцидентот, од кој за среќа нема повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот