ВИДЕО: Македонија нема победа во досегашните натпревари против Молдавија

фото: ФФМ

Денеска од 15.30 часот на стадионот „Мардан“ во Анталија, Турција, македонската фудбалска А репрезентација ќе го одигра првиот од двата закажани пријателски натпревари овој месец.

Прв ривал на избраниците на селекторот Благоја Милевски е селекцијата на Молдавија, а три дена подоцна се среќаваат против Црна Гора.

Милевски најави дека овие мечеви ќе се искористат за нови тактички варијанти, а некои играчи ќе бидат поставени на нови позиции и ќе се види како сето тоа ќе изгледа.

Македонија до сега три пати играше против Молдавија, и во сите дуели немаше победник. Два пати се сретнавме во кваликациите за Светското првенство 2002 година, на 11 октомври 2000 на гости во Кишинев немаше голови (0:0), а на возвратниот дуел во Скопје на 2 јуни 2001 резултатот беше 2:2.

Последниот натпревар меѓу овие две репрезентации се сретнаа на 11 февруари 2009 година во пријателски меч токму на стадионот „Мардан“ во Анталија кога ремизираа 1:1. Нашиот поранешен репрезентативец Горан Пандев тогаш донесе водство во 53 минута, а израмнија противниците во 62 минута преку Валериј Андроник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот