Фото: Miami Heat

ВИДЕО | Луда завршница во НБА: Мајами победи со кош на 0.4 секунди до крајот

Екипата на Мајами хит изминатата вечер стигна до победа над Кливленд кавалирс со 140-138, во натпревар кој имаше неверојатна завршница.

Натпреварот понуди и тоа како квалитетна кошарка од самиот почеток, но вистинската драма се случи во последните секунди. Кливленд израмни на 138-138 преку Донован Мичел, кој погоди тројка само 0,4 секунди пред крајот, оставајќи впечаток дека ќе следи продолжение.

Тренерот на Мајами, Ерик Сполстра, нацрта последна акција за победа. По тајм-аутот, Никола Јовиќ од аут ја фрли топката за цепелин, а Ендрју Вигинс без проблеми поентираше за триумф на својот тим.

Најефикасен кај домаќините беше Норман Пауел со 33 поени, додека Вигинс додаде 23 поени. Солиден беше и настапот на Келел Вер, кој заврши со дабл-дабл од 14 поени и 20 скокови. На спротивната страна најдобар беше Мичел со 25 поени, 15 скокови и 8 асистенции, но неговиот блескав настап не беше доволен за победа.

Преземено од: Спорт.ком.мк

ВИДЕО: Дончиќ не запира, го водеше Лејкерс до нова победа – изведе и спектакуларно забивање

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот