ВИДЕО | Љубов преку писма: Дац и Александар со ново видео за новогодишниот музички хит „Воли ме, сакај ме”

Фото: Промо

На 13 декември пристигна “возот на љубовта” и популарното музичко дуо Дац и Александар го претстави својот новогодишен музички дијамант „Воли ме, сакај ме”. Заразниот хит кој моментално се врти на радио станиците низ Македонија и во дел од соседна Србија, крие во себе емотивна приказна која му пркоси на времето.

Дац за приказната од песната

“Во седумдесетите години од минатиот век младиот Панче (сега дедо Панче) оди на студентска екскурзија со воз до Нови Сад. Таму ја запознава младата Мира со која си разменуваат адреси и…
Почнува љубов преку писма.
Панче елоквентен и надарен како поет, ја шармира Мира и почнува нивното патешествие по шините низ Југославија.
Панче тргнувал вечерта од Скопје до Белград и потоа повторно со воз до Нови Сад. Се гледале со Мира неколку часови кои ги поминувале во шетање по Петроварадинската тврдина и повторно се враќал во Скопје.
Тоа траело цели две години.
Мира на два-три пати доаѓала до Јагодина и таму, на пола пат, се среќавале со Панче.
На разделба секогаш таа му велела “воли ме”, а тој и одговарал “сакај ме”.
Е кога дошла до Скопје, немало веќе враќање. На Мира и останал уште еден испит од економскиот факултет, а Панче само што го завршил и биле спремни за заеднички живот кој го планирале долго време.
Сега баба Мира и дедо Панче живеат во Скопје и многу им се допадна песната инспирирана од нивната љубов.
“ВОЛИ МЕ САКАЈ МЕ”
п.с.
Некои велат дека вака било од збор до збор, а некои велат дека е само добра приказна…
Кој ќе им фати крај на луѓето ”

Едно е сигурно, дека популарното дуо Александар и Дац создадоа заразна химна за предновогодишно расположение која е веќе хит на радио станиците. Автор е Александар Митевски, заедно со неговите соработници, докажаниот текстописец Огнен Неделковски со кој работеа на текстот и Ташко Грујовски кој помагаше околу аранжманот. Свиреше врвна екипа на музичари предводени од виртуозот на виолина Владимир Крстев, Дарко Илиевски, Грујовски, а продукцијата ја потпишува искусниот Мите Димовски и неговото студио „Тра Ла Ла“.

Големата мистерија која и понатаму тлее кај слушателите е “кој ги пее женските вокали на српски јазик и кој е тој прекрасен харизматичен женски вокал?”. Дац и Александар велат дека оваа мистерија ќе се разреши на 31 декември кога во “Трибека” ќе настапат на нивниот денски дочек на Новата година и ќе ја исполнат оваа песна.

Изненадување за празниците

Дац и Александар подготуваат и новогодишни подароци за своите најверни фанови : нова ЦД компилација со наслов “Најдоброто од нас” со 18 песни каде се сместени сите нивни најзначајни хитови и изведби во живо од нивниот концерт во Драмски театар на 8 март – Посветено на жената. Тие подготвуваат и брендирани маички со стилизирани наслови од нивните песни “Воли ме сакај ме”, “Уште ми фалиш” и “Душа боемска”.

За новогодишните празници, нека биде ова музичко патување со Дац и Александар кое му пркоси на времето, со оваа љубовна приказна врежана во мелодиите од Балканот.

Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот