ВИДЕО | Ливерпул е последниот патник во полуфиналето од Лига Купот

Фото: Liverpool FC

Тимот на Ливерпул е последниот патник во полуфиналето откако вечерва избраниците на Јирген Клоп со убедливи 5:1 го совладаа Вест Хем во четвртфиналето.

Ливерпул го наметна своето темпо и од самиот старт се играше пред голот на Ареола. Резултатот беше отворен по една индивидуална мајсторија. Собослаи од далечина одлично шутираше и ја погоди мрежата за 1:0.

Тој гол беше и единствениот во првите 45 минути, а во вториот дел тимот на Мојс целосно се распадна.

Во 56. минута Џонс го матираше Ареола од мртов агол за 2:0, Коди Гакпо се погрижи во 71. минута за 3:0, а Боувен седум минути подоцна намали на 3:1. До крајот Салах се запиша во листата на стрелци и уште еден гол постигна Џонс за конечните 5:1.

Пред Ливерпул свеото место во полуфиналето го обезбедија Челси, Миделсброу и Фулам.

ВИДЕО: Челси, Фулам и Мидлсбро во полуфиналето во англискиот Лига куп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот